Суарес се прости од Меси со порака: Ти си број 1, не дозволувај број 2,3,4… во клубот да те сопрат

Луис Суарес му одговори на Лионел Меси, по пораката што Аргентинецот ја објави при заминувањето на својот долгогодишен соиграч и голем пријател од Уругвај.

„Немој никога да заборавиш дека си број 1. Продолжи да уживаш и постојано да докажуваш дека си најдобар. И не им дозволувај на овие луѓе со броеви два, три, или четири (во клубот, н.з.) да те спречат. Многу те сакам и ќе ми недостасуваш“, објави Суарес на Инстаграм.

Претходно Меси се прости со лична порака упатена до Уругваецот, а и двајцата го нападнаа раководството на Барселона. И Меси и Суарес имаат поддршка од легендите на клубот од калибарот на Пујол, Алвеш, Нејмар и дузина други фудбалери, кои се гневни на начинот на кој работат челниците на клубот и посебно се критични поради односот кон Суарес.

Напаѓачот на Барселона замина во Атлетико Мадрид, а првично Каталонците се противеа на таквата варијанта.

Атлетико им е конкурент во Ла Лига, но потоа се согласија, откако Суарес се закани дека ќе објави мејлови што му ги испраќале челните луѓе на Барса.

 

- Оглас -

Најнови вести