Судиите втор меч по ред му подаруваат гол на Манчестер сити (Фото)

Манчестер сити направи голем пресврт на гостувањето кај Свонси и се пласираа во полуфиналето од ФА Купот. Свонси имаше предност од 2:0 на полувремето, но „граѓаните“ направија целосен пресврт во вториот дел. Во 64 минута во игра влезе Серхио Агуеро, кој асистираше за погодок на Силва во 69 минута. Во 78 минута Агуеро шутираше пенал, неговиот удар заврши во стативата, а топката од ногата на домашниот голман заврши во мрежата.

Да биде комплетиран пресвртот се погрижи повторно Агуеро. Аргентинецот погоди во 88 минута, но тоа беше од недозволена позиција. Јасно беше дека Аргентинецот се наоѓа во офсајд, но судиите останаа неми и дозволија Агуеро да постигне гол за победа на Манчестер сити.

Ова е втор пат за само неколку дена Сити да има помош од судиите. На мечот против Ватфорд во Премиер лигата, пред точно една недела, Сити се мачеше во првото полувреме и беше 0:0 во Манчестер. На почетокот на вториот дел Стерлинг даде гол за 1:0, а тоа беше погодок постигнат од офсајд. И во овој случај судиите не видоа дека се работи за недозволена ситуација. До крајот на мечот, Сити даде уште два гола, но многу беше важно што отпорот на гостите беше срушен со нерегуларен погодок.

Подоцна и главниот судија на тој меч призна дека згрешил, но тоа не помогна многу во конечниот резултат на мечот.  
- Оглас -

Најнови вести