Судијата кој треба да оди во затвор, не се кае: Пак би го досудил пеналот!

Српскиот судија Срѓан Обрадовиќ, кој поради местење натпревар со досудување непостоечки пенал доби 15-месечна затворска казна и десетгодишна забрана за судење, не се кае за стореното.

Пред три години Обрадовиќ свирна непостоечки пенал за Спартак Суботица на мечот со Раднички Ниш и им помогна на Гулабите да победат со 2-0.

„Знам дека не сум виновен бидејќи ништо не направив намерно. Повеќе од три години поминаа и секој ден проживувам пекол, но ако би можел да го вратам времето и онаа ситуација да ја видам како тогаш, повторно би досудил пенал. Одлуката ја донесов врз лично судиско уверување. Не е ни прв, ни последен пат некој судија да погреши. Ова е веројатно единствен случај во светот судија да биде осуден на затворска казна поради грешка на фудбалски меч“, вели Обрадовиќ.

„Бев во шок кога два дена по мечот ми беше одреден притвор. Не можев да верувам што се случува. Ме тргнаа од листата на судии, а една година подоцна ме вратија. Се надевав дека тоа е крајот на маките и хаосот. Моето семејство минува низ тежок период, шокиран сум од пресудата 10 години надвор од фудбалот и 15 месеци затвор. Ќе продолжам да се борам, ова не може да помине вака“, додава судијата.

Ова е пеналот кој може да го однесе Обрадовиќ зад решетки:

- Оглас -

Најнови вести