Свети Валентин и сè е можно – Хулк се вери со внуката на жена му

Бразилскиот фудбалер Живанилдо Виеира де Соуса, познат како Хулк, за Денот на вљубените одлучи да објави фотографија со неговата девојка Камила, со која е од октомври минатата година, и тоа не би било ништо чудно ако не стануваше збор за девојка која е внука на неговата поранешна сопруга со која се разведе после 12 години брак и со која има три деца.

Хулк пред некој месец призна дека е во врска со братучетката на неговите деца, а сега додека игра во Кина, не само што објави фотографија со неа, туку објави и слика на која се гледаат веренички прстени.

Следбениците на Хулк порачаа да живее љубовта, дури и ако е во вакви околности.

- Оглас -

Најнови вести