Светскиот првак заборави да победува, Украина ја продолжи црната серија на Франција (Видео)

Украина одигра одличен меч и успеа да го задржи светскиот првак Франција во квалификациски меч за СП што заврши нерешено 1:1.

Микола Шапаренко постигна еврогол во 44. минута и Украина имаше предност од 1:0 по првото полувреме. Веднаш на стартот од второто полувреме Антони Марсијал израмни на 1:1, а голема шанса за победа гостите пропуштија во финишот на мечот.

Муса Дијаби ја погоди рамката на голот на Украинците и мечот заврши без победник.

Важна победа на гости забележа Хрватска, против Словаците. Актуелните светски вицршампиони славеа со голот на Марсело Брозовиќ во 86. минута.

https://twitter.com/ifast222/status/1434253356072067080?s=20

Идентично и со многу проблеми Данска ги победи Фарските острови со 1:0, а триумфот го донесе Винд во 85. минута. Данска остана единствената селекција во европските квалификации за настап во Катар што нема примено гол по пет кола.

Убедливи победи забележаа Холандија против Црна Гора со 4:0 и Турција против Гибралтар со 3:0, а бодови освоија и Израел по триумфот од 5:2 со Австрија и Шкотска со победа од 1:0 против Молдавија.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести