Светците го добија дуелот на најтрофејните – Сент Етјен славеше на Велодром по 41 година (Видео)

Сент Етјен конечно се израдува на победа на „Велодром“ во Марсеј, а постот без триумф долг 41 година вечерва заврши со головите на Роман Хамума и на Денис Буанга.

Дербито на третото коло во Лига 1 и меч на двете најтрофејни екипи во Франција со по 10 титули го добија гостите со 2:0 со што го завршија неверојатниот пост во Марсеј од над 4 децении без победа на гостински терен. Сент Етјен успеа и да остане на првото место во француското првенство со максимални 9 бода и без примен гол.

Хамума најави уште во шестата минута дека на секоја серија и доаѓа крајот, а потврда за тоа испорача Буанга со нов погодок за „зелените“ во 75-тата минута.

Марсеј во минатото коло го доби најголемото дерби во Франција откако во Париз го победи ПСЖ со 1:0, но вечерва загуби од уште еден голем ривал во Франција.

Ова е прв пораз за избраниците на Вилаш-Боаш, кои имаат две победи и еден несупех, додека Сент Етјен е лидер, и тоа осамен на врвот на табелата со три победи во три кола.

- Оглас -

Најнови вести