Управата на ПСЖ ќе донира 100.000 евра на фондацијата со која соработува и се грижи за младите и постарите лица, како и бездомниците. На овој начин францускиот првак се приклучи во битката против Коронавирусот, а овие пари се додаток на сумата од 400.000 евра, средства кои фондацијата ќе ги добие во следните три години.
Сепак, Светците се најдоа на удар на критики по нивната „смешна“ донација. Јавноста остана во неверување по нивната симболична донација ако се знае дека сопствениците се милијардери, а фудбалерите им се меѓу најплатените во светот.
За разлика од нив, Лионел Меси сам одвои еден милион евра во борбата против вирусот Ковид-19, тоа го стори и Пеп Гвардиола, а претходно ваков потег остварија голем дел од НБА-клубовите како и останати познати спортски ѕвезди.