Тампа Беј без македонска „жица“ до крајот на регуларниот дел – Стамкос утре оди на операција

Стивен Стамкос утре ќе биде опериран по повредата на мускулот и Тампа беј ќе мора да го одигра регуларниот дел од шампионатот во НХЛ лигата без хокеарот што има македонски корени.

Стамкос веројатно нема да игра и во првата рунда од плејофот, што ќе биде голем хендикеп за Грмотевиците од Флорида.

Со 29 гола и вкупно 66 поени искусниот напаѓач е втор клупски стрелец и поентер сезонава зад Никита Кучеров.

Стивен беше прв пик на драфтот во 2008 година и двапати беше и најдобар стрелец во НХЛ лигата. Има шест настапи на Ол-Стар мечот, злато со Канада на Светскиот куп и на светското јуниорско првенство и сребро на Мундијалот во 2009 година.

Со Тампа Беј играше и во финалето на Стенли купот во 2015 година, но загубија од Чикаго со 4:2 во финалната серија за пехарот.

 

- Оглас -

Најнови вести