Технологијата за гол-линијата одлучи дека ова не е гол (Видео)

Ливерпул со 3:0 го победи Лестер во мечот кој требаше да биде дерби во Премиер лигата за ова коло. Иако англискиот првак беше ослабен со неиграње на неколку стандардни првотимци, домаќинот на „Енфилд роуд“ уште во првото полувреме поведе со 2:0 и најави дека трите бода ќе останат за Ливерпул.

Роберто Фирмино со гол во 86-тата минута ги постави конечните 3:0, но интересно е што само неколку минути пред тој погодок, Бразилецот имаше неверојатна шанса да се израдува, но милиметар го спречи во тоа. Топката ја помина гол-линијата, но судијата рече дека играта треба да продолжи.

Подоцна на забавената снимка се гледа дека неколку милиметри топката ја допира гол-линијата, што значи дека не е погодок.

Интересно е што ова не е првпат Ливерпул за милиметри да не се израдува на гол. Пред две сезони, во дербито против Манчестер сити топката за 1,4 милиметри не ја помина гол-линијата и Ливерпул тогаш загуби од граѓаните во дербито. На крајот, токму тој загубен бод се покажа како клучен за Сити да ја освои титулата.

Овојпат милиметрите не беа кобни за Ливерпул затоа што домаќините се радуваа на победата.

- Оглас -

Најнови вести