Тен Хаг откри што ги советувал фудбалерите на полувремето против Астон вила

Манчестер јунајтед одигра фантастично второ полувреме против Астон вила, во кое успеа да постигне три гола и негативата од 0:2 на полувреме, на крајот ја претвори во триумф од 3:2. Ова е дури 14-ти пат во Премиер лигата, Манчестер јунајтед да се врати од негатива барем од два погодоци и на крајот да стигне до триумф. Ниту еден друг клуб нема двоцифрен број такви средби.

Тренерот на Црвените ѓаволи, Ерик тен Хаг, откри кој бил советот што им го дал на фудбалерите во соблекувалната по првите 45 минути.

„Игравме солидно и во првото полувреме, но примивме два гола поради деконцентрација и невнимание. На полувремето од фудбалерите побарав да продолжат да веруваат, да продолжат да играат добро и ќе го добиеме мечот. Кога го дадовме првиот гол, продолживме да притискаме уште посилно и тоа на крајот вроди со плод. Пред дуелот реков дека имаме квалитет да бидеме на рамниште на Арсенал и Ливерпул, но дека треба да играме како што знаеме. Едноставно, можеме да победиме секого, па дури и кога имаме два гола негатива. Момците покажаа карактер “, задоволно коментираше Тен Хаг по победата на Боксинг деј.

- Оглас -

Најнови вести