Тениски судија во аут откако му се додворуваше на девојче кое ги собира топчињата (Видео)

Нов скандал го потресе тенискиот свет, па по тепањето на еден навивач на Анџелик Кербер од страна на тренерот на Кинеската Џанг, сега во центарот на вниманието е судијата Џанлука Москарела, кој беше суспендиран од АТП за несоодветно однесување.

На Челинџер турнир во Фиренца, Москарела им судеше на Педро Соуса и Енрико Дала Вале, при што со невкусни коментари му се додворуваше на едно од девојчињата кои ги собираат топките.

„Многу си жешка. Дали си врела?“, прашуваше Москарела. Некои прво помислија дека мисли на топлото време и дека прашува дали ѝ е топло, но за тие што знаат италијански, нема дилеми дека судијата се однесувал како сексуален манијак. Тој и пред пет години беше обвинет за тоа, а се бранеше дека девојката која собирала топчиња била згодна со големи гради и задник. Тогаш мина без суспензија.

Москарела не застана тука, туку и го караше сонародникот Дала Вале затоа што испуштил 45 брејк-топки и му рече да се фокусира бидејќи требало да победи со 6-1, 6-1.

Ова е видеото поради кое Москарела веќе не суди на турнирот во Фиренца, а може да добие и подолга суспензија.

- Оглас -

Најнови вести