Тешка провокација на Кристијано до Јунајтед за крај на „љубовната“ приказна! (Фото)

Кристијано Роналдо од вчера и официјално веќе не е член на Манчестер јунајтед, а португалскиот ас, кој има 500 милиони следбеници на „Инстаграм“, со четири реченици се прости од клубот.

Но, тоа не беше сè. Кристијано шокира со уште една објава, и тоа непосредно пред клубот од „Олд Трафорд“ да објави дека е раскинат договорот.

Роналдо се пофали со нов спонзор кој му изработи стилизиран часовник, но „спорен“ е еден детаљ на часовникот. Стрелките покажуваат 10.10 часот, што е на некој начин асоцијација за голот со глава кој Роналдо го даде пред девет години во дресот на Реал Мадрид против Манчестер јунајтед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести