Тим со право вели дека победата над Медведев му е една од потешките во кариерата (видео)

Доминик Тим по вторпат во кариерата и оваа година, ќе се бори за Гренд слем титула откако на почетокот од 2020 година го загуби финалето во Австралија од бранителот Новак Ѓоковиќ. Австрискиот тенисер во финалето на ОП на САД ќе ги одмери силите против Александер Зверев, а за пресметката против Медведев кажа дека му била една од најтешки победи во кариерата.

„Тактиката ми беше да играм разновидно, бидејќи ако играв по ритамот на Данил ќе немав шанси да победам. Медведев е тенисер кој речиси да не промашува, па затоа морав да ја разбијам неговата игра со сечени топки, но и високи вртени удари. Мечот беше со исклучително висок интензитет, мислам дека ја остварив една од најтешките победи во кариерата“, истакна Тим кој славеше во полуфиналето со 3-0 во сетови.

Можеби најважниот поен кој го освои Тим беше токму за брејк при водство на Медведев од 5-3 во третиот сет. По 38 разменети удари, Австриецот го доби гемот, што му даде сила да финишира како втор патник во големото финале кое е закажано за утре во 22 часот.

https://twitter.com/umbre_sports53/status/1304611499000786946

- Оглас -

Најнови вести