Ќе има голови на „Олд Трафорд“, Интер ќе го победи тимот на Пандев

1005 Манчестер јунајтед – Челзи (18:30 ч.)

Во досегашниот дел од сезоната, двата тима имаат неверојатна гол разлика. И на Манчестер и на Челзи во просек има повеќе од четири гола по меч, па едноставно на „Олд Трафорд“ може да очекуваме голеада. На последните седум меѓусебни средби има барем по два гола.

Црвените ѓаволи се полни со самодоверба по победата над ПСЖ во Париз во Лигата на шампиони, но Челзи е ривал кој секогаш им создавал проблеми.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.77)

 

1806 Борусија Дортмунд – Шалке (18:30 ч.)

Домаќините се големи фаворити, но факт е дека кога се игра Рурското дерби може да одлучи и моменталната инспирација. Тоа говори и фактот дека на последните девет меѓусебни средби, дури пет пати било нерешено, а по две победи имаат двата ривали.

Загрижувачки за Шалке е фактот дека последната победа во Бундеслигата ја забележа на 17 јануари против Борусија Менхенгладбах со 2:0. Од тогаш до сега одиграа 20 меча во првенството и немаат ниедна победа. 

Предлог тип: 1&3-5 (1.98)

 

3003 Џенова – Интер (18 ч.)

Џенова полека се враќа во нормала откако повеќе од 15 играчи прележаа Коронавирус. Интер три меча е без победа, но гостувањето во Џенова за нив е како омилено, затоа што победија на последните четири средби со овој ривал и тоа без да прими гол, а постигна 16 погодоци.

Традицијата вели дека на последните 14 меѓусебни средби секогаш има победник, а последното реми е пред седум и пол години. Пред да влезе во серија од четири порази, Џенова имаше пет победи по ред на свој терен против Интер, но сега домаќините сигурно ја немаат силата од тогаш.

Предлог тип: 2 (1.40)

 

1006 Ливерпул – Шефилд (21 ч.)

По трите меча без победа во Англија, за Ливерпул како да нема попосакуван противник од Шефилд. Гостите во првите шест меча од новата сезона имаат пет порази и едно реми, а на победа не се израдувале. Ливерпул ги доби последните три меча со овој ривал и тоа без да прими гол, но сега ќе го нема Вирџил ван Дајк.

Домаќините се апсолутни фаворити, а со играчи од калибарот на Салах и друштвото, „кецот“ треба да е загарантиран.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (1.98)

 

1020 Ридинг – Ротерам (16:00 ч.)

Домаќините се речиси перфектни и во Чемпионшип имаат пет победи и едно реми, доволно за прво место на табелата. Ротерам се мачи, па тешко дава, но тешко и прима голови. И Ридинг не е многу расположен за голови, но благодарение на цврстата одбрана (еден гол на пет дуели) тимот е прв.

Пет од шесте меча на Ротерам сезонава се 0-2 гола. И меѓусебните дели покажуваат дека во претходните 10 меча имаат седум средби 0-2 гола. Двата тима не се расположени за погодоци, а и меѓусебниот дуел го покажува истото.

Предлог тип: 1&0-3 (2.50)

 

- Оглас -

Најнови вести