Тони Надал: Нешто не е во ред со Кирјос

Австралискиот тенисер Ник Кирјос вчера повторно го привлече вниманието на АТП турнирот во Рим. Во текот на мечот од втората рунда против Каспер Руд, Кирјос почна да дивее на теренот, фрлаше рекети, столчиња, се расправаше со судиите и публиката, и на крајот заработи дисквалификација.

Без влакна на јазикот, Кирјос во едно интервју „плукаше“ по врвните тенисери Надал, Ѓоковиќ, па и Вердаско. Неговото дивеење на терените мораше да го прокоментира Тони Надал, поранешниот тренер на Рафа и негов вујко.

„Видов што се случи и сметам дека е болно, најмногу за тенисот. Кирјос влезе во некоја динамика која очигледно лошо му делува. Нешто не е во ред со него бидејќи тоа не е нормално однесување за еден тенисер. АТП не треба да му дава публицитет, Кирјос привлекува внимание на неспортски начин. Нормално дека заслужи да биде дисквалификуван и суспендиран“, истакна Тони Надал.

Поради инцидентот во Рим, Ник Кирјос беше казнет со 20.000 евра, остана без наградниот фонд кој му следуваше за пласманот до втората рунда. Воедно, нема да ги добие ниту 45-те поени за АТП ранг листата, додека сите трошоци околу престојот во главниот град на Италија мораше сам да си ги плати.

За оние кои го пропуштија дивеењето на Кирјос, еве видео прилог од перспектива на гледачите:

 

- Оглас -

Најнови вести