Тренерот на Барса се плаши: 0-0 е опасен резултат

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, не успеа да најде начин како неговите играчи да го скршат „бункерот“ против Олимпик Лион. Каталонскиот гигант упати дури 25 шута кон голот на домаќините, но не се израдува ниту еднаш. Стратегот на гостите вели дека ова е многу опасен резултат и Барселона ќе мора да биде внимателна на реваншот на „Камп ноу“.

„Очекувавме добар резултат, имавме многу шанси, но не погодивме. На домашен терен сме посилни, но треба да се признае дека 0-0 е опасен резултат. Треба да победиме на реваншот, а за тоа ќе ни треба помош и од нашите навивачи“, рече Валверде по гостинското реми без погодоци кај Лион.

Реваншот е на „Камп ноу“ на 13-ти март.

- Оглас -

Најнови вести