Тренерот на Фленсбург „плаче“ и ги обвини судиите за поразот: Немавме шанси да играме фер меч

Тренерот на Фленсбург, Маик Магула, беше разочаран од поразот на неговиот тим во Скопје, а како едни од главните виновници за неуспехот ги посочи судиите.

„Честитки за Вардар за победата. Не сум задоволен од играта на моите играчи. Во првите 15 минути ја немавме храброста која ни беше потребна, за која зборувавме пред мечот. Најчесто не зборувам за судиите, но денеска ќе зборувам малку и за нив. Сите видоа дека тоа што се случи денеска не беше во ред. Немавме шанси да играме фер меч. Одиме дома и ќе се подготвуваме за нов натпревар“, рече стратегот на Фленсбург по поразот од Вардар.

За разлика од гостинскиот тренер, стратегот на Вардар, Стевче Алушовски, беше задоволен и имаше само пофални зборови за вардаровите играчи.

- Оглас -

Најнови вести