Тренерот на Лион вели дека неговиот тим е оштетен во дербито со ПСЖ

Пари Сен Жермен со 2:1 го победи Олимпик Лион во дербито од шестото коло во француското првенство, па Светците останаа перфектни на чело на табелата. Во второто полувреме беа постигнати сите три гола, а Лион прв поведе со погодокот на Лукас Пакета.

Пресвртот на ПСЖ се најави по пеналот врз Нејмар, а Бразилецот самиот реши да шутира и погоди за 1:1. Во судиското надополнување, Мауро Икарди го комплетира пресвртот и ПСЖ победи со 2:1. Според тренерот на Лион Петер Бош, клучен момент е пеналот досуден за Светците, а тоа било погрешна одлука на судиите.

„Нејмар е виновен. Тој го влечеше Густо и му ја стави раката на грб. Сигурен сум дека тоа не беше за пенал. Сфаќам дека судијата не може сето тоа да го види во првиот момент, но како е можно ВАР-системот тоа да не го забележи?“, вели Бош.

Освен пеналот и пресвртот на ПСЖ, дуелот го одбележа и повлекувањето на Лионел Меси од игра во второто полувреме, кога Аргентинецот одби да се поздрави со тренерот Маурисио Покетино. 

 

- Оглас -

Најнови вести