Нов контранапад на фудбалерите – И во Италија не прифатија намалување на платите

Здружението на професионални фудбалери во Италија (AIC) не прифати намалување на платите по моделот што беше предложен во земјата на четирикратниот светски првак.

Предложено беше играчите да се откажат од една третина од месечните примања во месеците во кои не се игра фудбал или ако продолжи сезоната, да останат без две плати предвидени за 2020 година.

Предлогот го одбија без многу размислување, откако тоа најпрво го сторија шпанските фудбалери, а по нив и играчите во Англија.

„Изгледа дека во фудбалот само играчите треба да плаќаат за штетата што ја направи епидемијата со Коронавирусот. Не го прифаќаме предлогот да се намалат платите“, изјавија од Здружението на професионални фудбалери во Италија.

Само Јувентус на состанокот на клубовите не гласаше за предлогот што го одобрија 19 од вкупно 20 сопственици на клубовите во Серија А, но раководството на Старата дама веќе претходно имаше договорено да не им исплати една четвртина од платите на играчите за 2020 година.

 

- Оглас -

Најнови вести