Тричковски даде два гола и потврди зошто АЕК денеска му даде нов договор

Иван Тричковски со два гола потврди зошто е најдобар играч на АЕК Ларнака. Македонскиот репрезентативец денеска го продолжи договорот со кипарскиот тим, а уште во првиот меч по продолжувањето на соработката, продолжи да ги тресе противничките мрежи.

Популарниот Тричко ја носи капитенската лента во АЕК, која ја доби благодарение на одличните игри во изминативе четири години. Тимот од Ларнака вечерва играше пријателски меч против Кармиотиса, а Тричковски погодуваше во 70-тата и 81-вата минута. На крајот дуелот заврши 4:4.

Според новиот договор, Иван треба да остане во Ларнака до 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести