Вардар загуби, за утеха е прекрасниот цепелин на Чупиќ и Јотиќ (Видео)

Иван Чупиќ со девет гола и Ловро Јотиќ со пет беа меѓу најефикасните ракометари кај Вардар во поразот од Пик Сегед со 34:33 вечерва во Унгарија, а тандемот на Црвено-црните ја одигра најдобрата акција на мечот.

Во првото полувреме Чупиќ одлично му фрли цепелин на Јотиќ, а бекот на Вардар сигурно реализираше. Најубавиот момент на дуелот во Сегед сепак не му помогна на двојниот европски првак да избегне нов пораз од ривалот од Унгарија откако на 14 февруари загуби со 26:28 во Скопје.

Вардар остана на последното место во А групата со 3 бода од 8 натпревари, а Пик Сегед се проби на петтото место со 10 бода на 10 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести