Циганков ја нокаутира Шпанија, ни Германците не ја победија одличната Швајцарија (Видео)

Фаворитите Шпанија и Германија имаа лоша фудбалска вечер во која заедно освоија само еден бод во дуелите со Украина и Швајцарија, а многу полошо мина Црвената фурија во Киев.

Лидерот во четвртата група во Сегментот А од Лигата на нациите загуби со 1:0 од Украина, а ги матираше резервата Виктор Циганков.

Еден од најталентираните напаѓачи во Европа прекрасно реагираше по одличната акција со Јармоленко и погоди за победа во 76-тата минута.

Шпанија имаше апсолутна иницијатива со 70 отсто посед на топката и вкупно 19 удари, наспроти само 3 на Украинците, но загуби.

Иако беше фаворит, вечерва и Германија не успеа да победи против одличната Швајцарија. Гостите дури и двапати водеа со 2:0 и со 3:2, но Елфот сепак стигна до реми во голеадата на „Рајн Енерџи“ во Келн.

Марио Гаврановиќ и Ремо Фројлер само за 26 минути најавија сензација во Келн, но Германците во нивен стил се враќаа и останаа непоразени.

Тимо Вернер и Кај Хаверц израмнија на 2:2, па Гаврановиќ со втор погодок повторно им донесе предност на гостите од 2:3, но Серж Гнабри со ефектен гол со петица израмни на 3:3.

- Оглас -

Најнови вести