Организаторот на Светското првенство стана цел на потсмев, претежно на европските медиуми и навивачи, бидејќи во недостиг на вистински навивачи, ангажира работници кои работеа на изградба на стадионите да глумат фанови на репрезентациите што ќе играат на Мундијалот.
Низ улиците на Доха може да се видат навивачи, најмногу Пакистанци, облечени во дресови на Бразил, Аргентина, Германија, Англија како навиваат и скандираат пред камерите.
https://twitter.com/i/status/1592770515705692160
Социјалните мрежи се преполни со комични видеа на кои платените навивачи пеат навивачки песни или слогани кои се препознатливи за европските репрезентации, но и за тие од Јужна Америка.
https://twitter.com/i/status/1593271304668454912
https://twitter.com/i/status/1592485080349708288
https://twitter.com/i/status/1591762906080841728
https://twitter.com/i/status/1591392704659099650
Светското првенство во Катар започнува за два дена, а домаќинот со своите потези покажува дека не е способен да организира големо натпреварување.
Пред неколку дена, агенти за безбедност влетаа во емисија во живо и на данскиот новинар му се закануваа дека ќе му ја искршат камерата, па откако организаторот увиде дека целиот свет го осуди нивниот обид, ѝ се извинија на ТВ-екипата и ветија дека сите акредитирани новинари ќе можат слободно да известуваат од сите локации во Доха.
Денеска, пак, вест на денот е информацијата дека катарското кралско семејство врши притисок врз ФИФА целосно да го исфрли алкохолот од стадионите.