Тухел се плаши пред мечот со Манчестер: Потребен е план Д

Пари Сен Жермен и оваа сезона се надева дека може да направи историски успех во Лигата на шампионите. Тимот кој е убедливо најдобар во Франција сака да ја докаже својата класа и во елитната лига на УЕФА. Парижани утре го играат првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите и тоа на гости кај Манчестер јунајтед.

Гостувањето на „Олд Трафорд“ е во најлош можен момент од сезоната за ПСЖ. Дури тројца играчи кои се носители на играта, поради повреда нема да играат на утрешниот меч. Марк Верати и Нејмар веќе некое време се повредени, а сега е речиси сигурно дека и Единсон Кавани нема да настапи против англискиот гигант.

„Без Нејмар, а најверојатно и без Марк и Единсон, ќе мора да смислуваме план Д. Не може толку напред да размислувам. Треба да ја анализираме и играта на Манчестер јунајтед, но и да останеме смирени и полни со самодоверба. Мојот став е јасен. За дуелот против Манчестер јунајтед потребно е да ги имаме најдобрите играчи на располагање, како што тоа беше случајот кога игравме со Ливерпул, па дури и со Црвена Ѕвезда“, рече тренерот на ПСЖ, Томас Тухел.

За утрешниот меч на „Олд Трафорд“, свое мислење даде и тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер.

 

 

- Оглас -

Најнови вести