УЕФА со неубедливо објаснување зошто немаше повторување на пеналот за Челзи

Клучниот пенал кој го одлучи победникот на европскиот Суперкуп помеѓу Ливерпул и Челзи предвизика лавина реакции и различни толкувања дали требаше да биде повторен бидејќи голманот Адријан беше излезен пред аут-линијата, а тоа не е дозволено.

Адријан му го одбрани шутот на Абрахам во петтата серија и се претвори во јунак на Црвените од Ливерпул. Од Челзи беа бесни бидејќи е јасно дека голманот го прекрши новото правило, а тоа е голманот да мора барем со едната нога да ја гази линијата во моментот кога изведувачот на пеналот ја шутира топката. Голманот стоеше пред линијата, но првиот човек на судиската комисија на УЕФА, Роберто Росети, даде објаснување зошто немало повторување.

„Голманите кои не стојат на линијата при изведување на пенал ќе бидат казнувани, но само ако тоа го направат намерно. Судијата проценил дека Адријан не го прекршил намерно ова правило и затоа шутот на Абрахам не е поништен и повторен“, вели Росети, по што е јасно дека судиите имаат простор за носење одлуки по сопствена проценка, што секогаш ќе биде проблематично за играчите и клубовите кои ќе се сомеваат во намерно манипулирање дека се оштетени.

- Оглас -

Најнови вести