Украинците не забораваат: Ти благодариме Лукаку, нè спаси!

Потегот на Ромелу Лукаку во финишот на синоќешниот меч Интер – Шахтар беше еден од моментите кои пресудија Интер да испадне од Европа, а Украинците да продолжат во Лигата на Европа. Затоа играчите на Шахтар му се благодарни на Белгиецот што шансата на Алексис Санчес не се претвори во гол, бидејќи тоа ќе значеше испаѓање на Шахтар.

Чилеанецот во 90-тата минута шутна со глава и можеби ќе дадеше гол, но топката удри во Лукаку, кој стоеше во негова близина и така спречи топката да оди кон гол, а гостите се спасија.

Дефанзивецот Микола Матвиенко изрази јавна благодарност до Лукаку.

„Интер сакаше да победи, исто и ние, утнавме шанси и ние и тие. Резултатот е позитивен за нас, бидејќи ќе играме во Лигата на Европа напролет. Му благодарам на Лукаку што нè спаси пред крајот“, вели Матвиенко.

- Оглас -

Најнови вести