Украинците обвинуваат: ФИФА не сакаше да бидеме на СП, судијата ги исмеваше нашите војници!

Фудбалската репрезентација на Украина не може да се помири со поразот од Велс во баражот за СП во Катар, па сега Украинците ја обвинуваат Светската фудбалска федерација, ФИФА.

Иако Украинците правеа шанси, не успеаја да дадат гол, а примија еден несреќен кога по шутот на Бејл од слободен удар топката го закачи Јармоленко и смени правец. Во првото полувреме имаше еден спорен момент кога не беше досуден пенал за Украина по прекршокот на Џо Ален над Јармоленко.

Судијата на терен, Матеу Лахоз, не доби сигнал од ВАР-собата да погледне снимка од моментот.

„ФИФА не сакаше Украина да игра на Светско првенство“, „Лахоз е гад“, „Насмевката на судијата по недосудениот пенал е исмевање на нашите играчи, навивачите, децата и војската“, се дел од коментарите на некогашен украински меѓународен судија, а сега претседател на синдикалниот судиски одбор во Украина.

Ова е ситуацијата која ги налути Украинците:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести