Урнебесно: Дончиќ и Марјановиќ со пеење „народњаци“ се подготвуваат за плејоф меч (Видео)

Историската партија на Лука Дончиќ на неговото плејоф деби не беше доволна за Далас маверикс да го победи Лос Анџелес клиперс во првиот меч од нивната плејоф серија од првото коло, но Словенецот е во добро расположение пред втората пресметка која се игра доцна вечерва.

Духот во тимот на Маверикс не е скршен, напротив. Балканскиот дуел Дончиќ-Марјановиќ ги развесели љубителите на кошарката со демонстрирање на пејачка „умешност“, или барем обид да испеат една народна песна од српскиот пејач Слободан Васиќ.

Лука запеа, па тргна да си оди, но потоа го повика Боби, му даде знак, па двајцата заедно почнаа да го пеат рефренот. Као звучеше „Анонимна“ во изведба на ѕвездите на Далас маверикс, можете да слушнете:

- Оглас -

Најнови вести