Уругвај скапо ја плати победата над Еквадор

Уругвај ноќеска тргна со убедлива победа на Копа Америка совладувајќи го Еквадор со 4-0, но неа скапо ја плати. Нивниот играч за врска Матијас Весино се здоби со повреда на бутниот мускул и ќе го пропушти остатокот од шампионатот.

Весино е клучен играч во составот на селекторот Оскар Табарес, така што во следните натпревари ќе мора да се потпре на младиот Федерико Валверде, играчот кој го замени Весино во триумфот над Еквадор.

Селекцијата на Уругвај во второто коло од групите ќе се сретне со Јапонија (21 јуни, 01 часот), а потоа ѝ следува дерби-пресметка против актуелниот бранител на трофејот, Чиле.

- Оглас -

Најнови вести