Уште еден Бразилец се повреди на „контролка“ пред Копа Америка

Пријателските натпревари против Катар и Хондурас се кобни за селекторот на Бразил, Тите. Само неколку дена откако предводникот на Кариоките остана без услугите на Нејмар, вчера во победата над Хондурас со 7-0 се повреди и играчот за врска Артур.

Фудбалерот на Барселона се пожалил на болки во десното колено по триесетина минути игра, па мораше да го изнесат од теренот со помошно возило. Иако селекторот по мечот истакна дека Артур е во ред и дека повредата не е сериозна, засега не е точно потврдено колку ќе паузира и дали ќе биде подготвен за стартот на континенталниот шампионат на Јужна Америка.

Бразил како домаќин на 15 јуни отвора против Боливија, а двата останати противници од групата А се Перу и Венецуела.

- Оглас -

Најнови вести