Уште не почнала сезоната во ЛШ, одложено дербито од првото коло

Дуелот меѓу ПИК Сегед и ПСЖ кој требаше да биде дерби од првото коло во ракометната Лига на шампиони е одложен, пренесуваат медиумите во Унгарија. Причина за одложувањето е фактот дека целиот тим на ПИК Сегед треба да замине во карантин откако во нивните редови се покажа дека има заразени од корона-вирусот.

„Во нашето непосредно опкружување беше забележан позитивен тест на корона-вирусот. Веднаш се случи епидемиолошка изолација на лицата кои биле во контакт со заразените. Сите се во службен карантин. Нашите тренинзи и сите наши активности се откажани, а за ова се известени во Ракометната федерација на Унгарија, тимовите против кои требаше да играме во следниот период, како и Европската ракометна федеација“, стои во соопштението од ПИК Сегед.

Во рамките од првото коло од ЛШ, Вардар утре попладне ќе игра на гости кај Мешков Брест.

 

- Оглас -

Најнови вести