Меѓу заразените од корона-вирусот во Задар се и 33-тиот на АТП, но и кондицискиот тренер на Ѓоковиќ

Финалето на тенискиот турнир „Адрија“ во Задар вчера беше одложено откако стигна информацијата дека бугарскиот тенисер Григор Димитров е заразен од корона-вирусот. Димитров почувствувал замор во мускулите и веднаш се тестирал во Монте Карло, каде што било потврдено дека е заразен од опасниот вирус.

Веднаш по оваа информација, сите тенисери кои беа дел од „Адрија“ турнирот започнаа со тестирање, а утрово пристигна информација дека уште тројца се заразени. Меѓу заразените е и Хрватот Борна Чориќ, кој е на 33-тото место на АТП-листата, како и уште двајца кои беа дел од турнирот. Меѓу заразените е и кондицискиот тренер на Новак Ѓоковиќ, Марко Паники, како и Кристијан Грох кој е кондициски тренер на Димитров.

Засега не се знае дали меѓу заразените е и Новак Ѓоковиќ, кој беше во постојан контакт со Димитров. Најдобриот тенисер во светот денеска треба да се тестира во Белград.

Во Задар постои страв дека голем број и обични луѓе може да се заразени затоа што тенисерите постојано беа меѓу народот и децата.

 

- Оглас -

Најнови вести