По речиси двомесечна пауза, од утре повторно продолжуваат со работа Sport Life обложувалниците. Сите објекти на обложувалницата беа затворени кога започна пандемијата со корона-вирусот и два месеци беа почитувани рестриктивните мерки.
Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска на прес-конференција најави дека ќе започне олабавувањето на рестриктивните мерки и дека постепено треба да започне враќање на животот во нормала. Една од мерките е да се дозволи отворање шалтерски систем на обложувалниците, а изјавата на министерот Филипче може да ја прочитате ТУКА.
Согласно олабавувањето на рестриктивните мерки, обложувалниците на Sport Life од утре во 10 часот започнуваат со работа согласно прописите. Сите кои ќе ги посетат обложувалниците, ќе треба да ги почитуваат прописите дадени од Владата и од Министерството за здравство. Работното време ќе биде до 18 часот.