Ужас: НХЛ играч почина само еден ден откако го славеше вториот роденден на синот

Американскиот хокеар Џими Хејс ненадејно почина само на 31-годишна возраст. Хејс, кој во кариерата имаше 334 настапи во најсилната хокеарска лига во светот, популарната НХЛ, бил пронајден мртов во својот стан во градот Милтон.

Хејс играше на позицијата десно крило, а во НХЛ настапуваше за Бостон, Чикаго, Флорида и Њу Џерси. Минатата година реши да ја заврши кариерата.

Трагедијата е уште пошокантна затоа што неполни 24 часа пред смртта Хејс на својот инстаграм-профил објавуваше фотографии на кои се гледа како го слават вториот роденден на неговиот син.

Тој и неговата сопруга среќни се радуваат за роденденот, а само неколку часа подоцна се случи трагедијата. Освен двегодишниот син, Џими има и уште едно помало синче.

 

- Оглас -

Најнови вести