Ужасен трет и фантастичен четврти период за Барселона во триумфот над Басконија

Басконија и Барселона го затворија вториот ден од 14-тото коло во Евролигата – Каталонците славеа на гостувањето со конечни 77:70. Ова беше прва победа за Барселона против овој тим од 2014 година, откако последните седум средби во рамките од Евролигата завршија во корист на Басконија.

Се чинеше дека и овој меч ќе заврши со позитивен исход за Басконија, откако им дозволија на гостинските кошаркари да постигнат само седум поени во третиот период. Но, избраниците на Светислав Пешиќ како преродени влегоа во решавачката четвртина која ја освоија со 28:15 и ја забележаа шестата победа оваа сезона.

Четворица кошаркари на Барселона постигнаа двоцифрен број поени, а како најефикасен се истакна Пангос со 16. Јанинг со 19 поени беше најрасположен од таборот на поразените.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести