Леброн Џејмс бил навредуван со застрашувачки закани од девојката и момчето, навивачи на Индијана пејсерс во првите редови, на мечот што се играше ноќеска меѓу домашните Пејсерс и Лос Анџелес лејкерс.
Очевидец, кој би блиску до двајцата навивачи на Индијана, кои беа отстранети од салата на барање на Џејмс, објави дел од конверзацијата.
„Се надеваме дека ќе умреш во сообраќајна несреќа“ и „Леброн ти си кучка“ биле навредите кон Кралот на кошарката.
Џејмс веднаш побара од судиите двајцата навивачи на Индијана, девојка и момче што седеа во првите редови, кои се и најскапи, да бидат исфрлени од салата, а нивната реакција повторно беше непримерна.
LeBron unhappy with some fans courtside in Indiana pic.twitter.com/1Ud3B69G1E
— The Action Network (@ActionNetworkHQ) November 25, 2021
Лос Анџелес лејкерс славеа победа од 124:116 по продолженија, а Леброн Џејмс беше најефикасен на мечот со 39 поени.