Вака се оди во финале – Гуедеш со еврогол ја крена на нозе „Месталја“ (Видео)

Валенсија по 18-ти пат ќе игра во финалето на Шпанскиот куп откако вечерва на „Месталја“ го победи Атлетик Билбао со 1:0 со евроголот на Гонкало Гуедеш.

Португалецот погоди како од топ во 43-тата минута и со вистински еврогол ѝ донесе меч за пехар на Валенсија.

https://twitter.com/ivs_sege/status/1499133617838387200?s=20&t=BYxJb5EsqyqI-wc94HEubw

Првиот меч во Билбао заврши нерешено 1:1, па Валенсија е поуспешна за еден погодок во вкупен резултат.

За популарните Лилјаци ова ќе биде 18-то финале, а имаат 8 пехари. Последен пат му се радуваа на куп-трофејот во Копа дел реј во сезоната 2018/19.

Пред мечот, навивачите на Валенсија приредија голем спектакл што дополнително ги мотивираше осумкратните куп-победници во Шпанија.

Противник во финалето на 23 април во Севилја ќе им биде победникот од двомечот меѓу Бетис и Рајо Валјекано.

Реваншот во второто полуфинале се игра утре во Севилја, а Бетис има голема предност на домашен терен по победата од 2:1 во Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести