Ваков џокер му требаше на Тухел во ПСЖ

Предводникот на ПСЖ Томас Тухел, располага со огромен напаѓачки потенцијал и квалитет. Во тимот ги има Нејмар, Мбапе, Кавани, од ова лето и Икарди, играчи од кои се очекува да одлучуваат натпревари. Нејмар веќе го стори тоа во три наврати сезонава, па дури и вчера против Бордоно Светците не зависат само од Бразилецот.

Статистички гледано, клучна фигура во составот на францускиот првак е летното засилување од Евертон, Идриса Гана Геје. Сенегалецот дојде во Париз за сума од 30 милиони евра, овој играч за врска со улога на деструктивец, ПСЖ го посакуваше речиси две години. Откако конечно го добија, Геје покажа зошто толку многу се вложувало во него ги опрадва средствата со сите настапи досега.

Имено, во шесте меча во кои Геје бил стартер, тимот на ПСЖ издвои победи и при тоа не прими гол. Против Тулуз, Мец, Стразбур, Реал Мадрид, Лион и Бордо, ПСЖ постигна 12 гола, а ниту еднаш топката не заврши во нивната мрежа, што наговестува колкава контрала на средината има Геје.

Светците претходно беа најранливи во средината иако го имаат Марко Верати, многу често принудно играше Маркињос како деструктивец, но сега ќе може да си се врати на природната позиција и таа улога да му ја препушти на Геје.

- Оглас -

Најнови вести