Ван Дајк е успешно опериран во Лондон, паузата ќе биде долга

Вирџил ван Дајк е успешно опериран во Лондон по повредата на лигаментите на коленото и наскоро ќе започне со специјална програма за рехабилитација, објавија од Ливерпул.

Стоперот на англискиот шампион се повреди на големото градско дерби против Евертон пред две седмици и принудно го напушти теренот само по 11 минути.

Ван Дајк е една од најважните алки на шампионскиот тим на Ливерпул и учествуваше во освојувањето на домашната круна по пауза од три децении и беше столбот на одбраната во шампионскиот поход преклани, кога Ливерпул стана европски првак.

Паузата ќе биде долга и Холанѓанецот сигурно ќе ја пропушти сезоната што е во тек.

 

- Оглас -

Најнови вести