ВАР ја призна грешката: Стартот на Ло Селсо е за црвен картон (фото + видео)

Челзи ја доби лондонската битка против Тотенхем со конечни 2-1, меѓутоа голем дел од домашните навивачи не се задоволни од арбитражата.

Се играше 52-та минута кога Џовани Ло Селсо опасно стартуваше врз капитенот Аспиликуета, со целата копачка го згазна дефанзивецот на Челзи на нога. Инцидентот се прегледуваше во ВАР-собата со потенцијал за црвен картон, меѓутоа Аргентинецот помина само со опомена, односно не доби ниту жолт картон.

Додека се играше мечот англиските медиуми екслузивно потврдија дека ВАР ја призна грешката и дека Ло Селсо требало да биде исклучен од средбата.

- Оглас -

Најнови вести