Вечното хрватско дерби, но и дерби-дуелот од Премиер лигата се главните предизвици за типувачите

Типувањето за новото коло на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, веќе е отворено. Нови 13 натпревари се предизвик за играчите, а за најуспешните ќе има одлични подароци од Sport Life.

Два меча привлекуваат најголемо внимание овој викенд, но воедно ќе бидат и главен предизвик за играчите. Во Хрватска се игра вечното дерби помеѓу Хајдук и Динамо Загреб, дуел кој може да разреши многу дилеми во битката за титулата.

Во Премиер лигата, иако Ливерпул веќе и официјално е шампион на Англија, сепак викендов е пред тежок испит, а тоа е гостувањето кај Челзи.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари, ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести