Видерер: На ова ЕП имаше три големи судиски грешки, една од нив се случи на дуелот Франција – Шведска

Претседателот на Европската ракометна федерација (ЕХФ), Михаел Видерер беше запрашан за свое мислење за спорната ситуација на дуелот Франција – Шведска, кога Галските петли постигнаа гол во последната секунда. Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов го признаа голот, иако решија да не се консултираат со ВАР технологијата, што секако им беше дозволено.

„Драматична беше ситуацијата тоа што се случи на дуелот Франција – Шведска. На овиј турнир беа направени три големи грешки, нема што да криеме. Играта станува побрза и побрза, подинамично и тоа е голем предизвик за судиите. Секоја грешка е голема посебно кога се работи за одлучувачки момент. Денеска слушнав многу мислења од разни стручњаци. Ова е сосема нова ситуација. Грешка е, судиите требаше да одат до ВАР системот и да ја видат снимката. Се обидуваме целосно да го подобриме судењето. Сепак овие грешки не ја уништија големата убава слика за ова ЕП, иако знам дека е болно за оние кои се оштетени“, рече првиот човек на ЕХФ, Видерер.

Шведска вложи жалба поради постигнатиот гол на Франција, но официјалната одлука на ЕХФ е дека таа жалба е отфрлена, а образложението може да го прочитате ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести