Викинзите покажаа колку им фалел фудбалот, растураа со евроголови во првото коло (Видео)

Норвежаните вчера го почнаа новото првенство, а според начинот на којшто даваа голови, очигледно е дека со нетрпение чекале да добијат сигнал за повторно да играат фудбал.

По прекрасниот погодок што го постигна Симен Нордли, играчот на Алесунд,  против Молде, кога погоди од речиси половина терен, се истакна и фудбалерот на Викинг Евен Остенсен со ново ремек-дело во првото коло од новото првенство.

Остенсен погоди од тешка позиција, но тоа го стори мајсторски и со петица ја смести топката зад грбот на голманот на Бодо Глимт. Голот на играчот на Викинг погледнете го ОВДЕ.

За жал и на Нордли и на Остенсен, нивните тимови Викинг и Алесунд загубија на стартот од новиот шампионат во Норвешка.

Алесунд мораше да се задоволи со почесниот погодок на Нордли во поразот од 1:4 против шампионот Молде, а Остенсен и соиграчите од Викинг загубија со 2:4 од Бодо Глимт.

 

 

- Оглас -

Најнови вести