Во екот на ЕП тој одбра сосема поинакви мечеви: Мајсторија на Мартин која му донесе 100.000 денари (Фото)

Како победник на четвртата етапа од акциската игра „Играј за повеќе“, Мартин Иванов го доби чекот од 100.000 денари. Вистинска мајсторија е тикетот кој го има направено Иванов, а на крајот се покажа како добитен.

Иако чевртата етапа од оваа акциска игра беше во екот на Европското првенство, односно од 22 до 28 јуни, Иванов на тикетот на којшто погоди шест фудбалски мечеви, на крајот погоди вкупен коефициент од 1.313,23.

Тактиката за добитниот тикет е да се погодат мечеви на кои ќе има барем по три погодоци во првото полувреме. Иако поголем дел од екипите кои се одиграни на тикетот се анонимни за пошироката јавност, Иванов имал чувство, но секако и среќа за одличен добитен тикет, кој му донесе 100.000 денари.

Во моментов се игра последната шеста етапа од оваа акциска игра која завршува на 14 јули, но има уште доволно време за да се направи тикет кој ќе ви донесе дополнителни 100.000 денари добивка.

- Оглас -

Најнови вести