Во Франција е прво коло, а веќе се бара отказ од тренерот на Бордо

Анже го совлада Бордо со 3-1 во првото коло и станаа првиот тим во последните 40 сезони кој успеал на жирондинцте да им даде три или повеќе гола на старт на сезона во францускиот шампионат. Домашните трите гола ги дадоа уште во првото полувреме.

На Бордо очигледно не му помогна премногу ангажирањето на дефанзивецот Лоран Кошчелни од Арсенал, лесно примија три „парчиња“, и тоа ги разлути фановите кои почнаа да бараат оставка од тренерот Пауло Соуса. Некогашниот португалски репрезентативец ќе биде под голем притисок во наредниот период, особено ако не почне да победува.

Анже е единствениот од шесте тима кои денеска играа како домаќини. Другите пет меча завршија со победа на гостите или нерешено.

- Оглас -

Најнови вести