Во Франција скап е данокот за успесите во Лигата на шампионите (Видео)

Лион и Пари сен Жермен скапо го плаќаат одличниот настап во Лигата на шампионите и заедно се на делба на 10. место на стартот од новото издание во француското првенство.

Полуфиналистот во ЛШ, Лион денеска ремизираше против Лорион на гостински терен, а фаворитот дури и се спасуваше од пораз, откако домаќините поведоа со голот на Жоан Виса во 63. минута.

За избегнување на втор пораз во пет кола се погрижи Лео Дубоа, кој израмни на 1:1 во 74. минута, но и ремито 1:1 е неуспех за Лавовите од Жерлан.

И финалистот во Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен има скромен старт со две победи и два порази, а вечерва против Ремс на гости, светците од Париз ќе се обидат да забележат трет триумф по ред за скок на табелата.

- Оглас -

Најнови вести