Во Холандија пронајдено парче што личи на дел од исчезнатиот авион

Парче во сино-бела боја било пронајдено во близина на холандскиот град Ротердам, на 700 километри оддалеченост од северот на Франција, каде што вчера беа пронајдени делови од исчезнатиот авион во којшто беше фудбалерот Емилијано Сала.

„Пронајдов чудно парче на полиестер со слој од алуминиум. Дали е тоа дел од авион?“, праша Холанѓанецот кој го пронајде сомнителното парче.

Полицијата вели дека не ја исклучува ниедна можност, па и тоа дека тоа е дел од исчезнатиот авион, иако е огромна оддалеченоста од местото каде што вчера беа пронајдени деловите од седиштето на авионот. 

„Не се исклучува ниедна можност, но тоа може да биде и дел од некој брод“, се вели во соопштението на полицијата, која го бара авионот.

Авионот во којшто беа само пилотот и Сала, исчезна минатиот понеделник и оттогаш нема посериозна трага за тоа што се случило на кобниот лет.

 

- Оглас -

Најнови вести