Во Интер „плачеа“ поради судијата: ВАР системот не смее да се користи селективно!

Интер одигра само 2:2 на свој терен против Парма, во меч на кој Нераѕурите губеа со 0:2. Откако по првото полувреме немаше погодоци, во вториот дел се случија возбудувањата.

Жервињо погоди два пати за Парма и водство на гостите од 2:0 во 62 минута. Брозовиќ намали на 1:2, а Перишиќ во 92 минута израмни на 2:2. По мечот, директорот на Интер, Џузепе Мората се пожали на судењето. Мората смета дека имало недосуден пенал за Интер.

„Не сакам да барам алиби за тоа што не победивме, но морам да го изразам својот став околу судењето. Тоа е единствениот инструмент кој го имам. Постои вакум во правилникот за ВАР системот, бидејќи се интервенира само кога има екстремни грешки, а не смее да се гледат повторена снимка по сугестија за грешка. Не ни беше досуден чист пенал. Судијата мораше да го истористи ВАР системот. Ако се користи само делумно, тогаш тоа може да има директно влијание на резултатот“, вели разочарано Мората.

Интер има само една победа на последните четири меча во првенството, а и во двете средби од Лигата на шампионите не се израдува ниеднаш.

 

- Оглас -

Најнови вести