Во Јувентус можат да здивнат, Роналдо нема сериозна повреда

Кристијано Роналдо нема сериозна повреда и ќе може да игра против Наполи во недела, во дербито на Серија А. Во еден дуел на мечот со Болоња, Роналдо доби удар во мускулот и се пожали на повреда.

Денеска Португалецот тренираше посебно од тимот, но резултатите од дополнителните прегледи покажаа дека повредата не е сериозна.

Јувентус го чека тешка серија мечеви, а ќе почне со дербито против Наполи во недела на гостински терен. Потоа следува дуел со Удинезе и веројатно и мечот на сезоната за „старата дама“, против Атлетико во реваншот од осминафиналето во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести