Во Македонија има мајстори за обложување, има и такви што вчера уплатиле на 0-2 гола на сите вечерни мечеви

Како печурки после дожд се појавуваат добитни тикети на кои обложувачи погодиле број на голови на мечевите од Лигата на шампионите кои се играа вчера. Иако обично играчите се обложуваат дека ќе има повеќе голови, некои предвидоа дека ќе биде сиромашна вечер со погодоци.

Веќе објавивме тикет на кој шест меча се играни на 2-3 гола, а на сите тие дуели имаше по два погодока.

Но, во објект на Sport Life во скопски Бутел е уплатен добитен тикет со типувани 0-2 гола на шесте меча кои се играа од 21 часот. На сите овие средби паѓаа по два гола. Вкупната квота е 132,6, па за уплата од 100 денари, тикетот имаше потенцијална бруто-добивка од 13.262 денари.

- Оглас -

Најнови вести